• петок, 19 јули 2024

Почина комичарот Боб Њухарт

Почина комичарот Боб Њухарт

Лос Анџелес, 19 јyли 2024 (МИА) - Американскиот глумец и комичар Џорџ Роберт (Боб) Њухарт почина вчера на 94-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес по кратко боледување, соопшти неговиот публицист.

Во 1959 година, некои стрипови што ги правел за лична забава додека работел како сметководител во Чикаго, биле забележани од директорот на „Ворнер брос“ што водело кон тоа Боб во 1960 година да го објави комичниот албум „The Button-Down Mind of Bob Newhart“. Плочата го зазеде првото место на топ-листите, а на следната 1961 доби „Греми“ награда за албум на годината, во конкуренција со Нет Кинг Кол, Хари Белафонте и Френк Синатра.

Има освоено три „Греми“ и една „Еми“ награда во период од 50 години, како и Американското одличје „Марк Твен“ за хумор, 20-на други признанија и десетици номинации.

Боб Њухарт зад себе има 45 играни филмови и ТВ-проекти. Познат е по улогите во „Бубалици“ (The Big Bang Theory), „Младиот Шелдон“ (Young Sheldon), „Прописно русокоса 2“ (Legally Blonde 2), „Библиотекарот“ (The Librarian) и други познати филмови и ТВ-серии.  си/

Фото: ИМДБ

Остани поврзан