• вторник, 02 јули 2024

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Во поширокото централно подрачје на Град Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, посебниот режим на сообраќајот е поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.

- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, се вели во соопштението. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан