Поранешниот бразилски селектор Диниз на клупата на Крузеиро
- Фернандо Диниз (50), кој до неодамна ја извршуваше должноста селектор на бразилската фудбалска репрезентација, е нов тренер на Крузеиро.
Сао Паоло, 24 септември 2024 (МИА) – Фернандо Диниз (50), кој до неодамна ја извршуваше должноста селектор на бразилската фудбалска репрезентација, е нов тренер на Крузеиро.
Диниз во јули минатата година потпиша едногодишен договор со Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), но во јануари годинава беше разрешен од должноста.
Паралелно со селекторскиот ангажман раководеше и со тимот на Флуминенсе со кој на крајот на минатата година го освои Копа Либертадорес, но лошиот старт во новата сезона му донесе отказ.
Сепак, неодамнешната серија лоши резултати за Крузеиро и само трите победи на последните 10 натпревари беа причина за отказот на Фернандо Сеабра од тој клуб, а Диниз дочека нова можност. ег
ФОТО: Икс