• среда, 12 јуни 2024

Популистот Вилдерс и партнерите се договорија за нова холандска влада

Популистот Вилдерс и партнерите се договорија за нова холандска влада

Хаг, 11 јуни 2024 (МИА) – Радикалниот десничарски популист Герт Вилдерс постигна договор со своите идни коалициски партнери за составот на новиот кабинет на Холандија, јави ДПА.

Вилдерс денеска во Хаг рече дека се договориле за распределба на ресорите меѓу партиите и за кандидатите за пополнување на местата.

Веќе беше познато дека независниот поранешен шеф на тајната служба и поранешен висок државен службеник во Министерството за правда, Дик Шоф, ќе стане нов премиер.

Радикалната десничарска Партија за слобода (ПВВ) на Вилдерс за прв пат ќе биде дел од власта во Холандија.

- Многу сме среќни што има договор, изјави Вилдерс. Како сега ќе се распределуваат ресорите и кој ќе стане министри ќе биде објавено „во следните неколку часа или денови“, додаде тој.

Четирите коалициски партнери претходно се договорија околу половина од министрите да не доаѓаат од партиската политика.

Самиот Вилдерс се откажа од премиерската функција за да ја овозможи коалицијата.

Екстремно десничарскиот политичар победи на парламентарните избори во ноември со својата антиисламска партија со изненадувачки голема разлика, но му требаат најмалку двајца партнери за парламентарно мнозинство, потсетува ДПА. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан