• недела, 22 декември 2024

Во руската Ростовска област воведена вонредна состојба поради суша

Во руската Ростовска област воведена вонредна состојба поради суша

Москва, 11 јуни 2024 (МИА) – Во руската Ростовска област е воведена вонредна состојба поради суша, соопшти гувернерот на тој регион Василиј Голубев.

Според него, поради долготрајната суша во Ростовската област изгубени и оштетени се значајни површини каде што растеле земјоделските култури.

- Донесена е одлука за промена на состојбата на тревога, која во нашиот регион е во сила од минатата недела, во вонредна состојба. Потпишав уредба за воведување вонредна состојба поради сушата на почвата во Ростовската област од 18:00 часот на 11 јуни до дополнително известување, напиша тој на Телеграм.

Според експертите, поради мајските мразови и последователната долга суша, земјоделците од Дон може да изгубат до 30 проценти од својата жетва, додаде Голубев. јт/

Остани поврзан