Поплави во Хрватска – најкритично во Ораховица
- Обилните врнежи во последните 24 часа предизвикаа излевање на реката Вучица и поплави во Вировитичко-Подравска област, особено во градот Ораховица и околните општини, каде што наврнаа речиси 80 литри дожд на квадратен метар, јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

Загреб, 28 март 2025 (МИА) - Обилните врнежи во последните 24 часа предизвикаа излевање на реката Вучица и поплави во Вировитичко-Подравска област, особено во градот Ораховица и околните општини, каде што наврнаа речиси 80 литри дожд на квадратен метар, јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).
Активиран е кризниот штаб за цивилна заштита во Ораховица, а на терен се службите на државната компанија „Хрватски води“, пожарникари, комунални работници и спасувачка екипа со чамец од Слатина за евентуална евакуација.
Поплавени се домаќинства, а неколку улици се затворени. Високиот водостој на реките Вучица и Војловица претставуваат дополнителна закана.
Во поплавените области проблемот го влошува заситената почва, која не може да ја впие вишокот вода. Ситуацијата во селото Лукавац, близу Слатина, станува сè посериозна, а утрово надојдените води го блокираа патот.
Во Ораховица има поплавени куќи и дворови, изјави за Хина Игор Андровиќ, жупан на Вировитичко-Подравска област. Во селото Славонске Баре, водата се заканува на приватни имоти, поради што службите работат на изградба на земјени бариери. ссм/
фото: принтскрин