• понеделник, 23 декември 2024

Пописот на населението во Косово одложен за април 2024-та

Пописот на населението во Косово одложен за април 2024-та

Приштина, 22 ноември 2023 (МИА) – Владата на Косово одлучи денеска да го одложи за во април 2024 година пописот на населението, домаќинствата и становите, што требаше да започне на 1 ноември годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Премиерот Албин Курти на денешната владина седница ги информира членовите на својот кабинет дека пописот пшовторно се одлага поради доцнења со подготовките за негово одржување од страна на Агенцијата за статистики на Косово (АСК), поради што минатата недела донел одлука да го разреши досегашното раководство на таа институција.

- Предлагам пописот на населението да се одложи за периодот од 5 април до 17 мај 2024 година за да се имплементираат принципите на ЕУРОСТАТ и да се даде можност на новото раководство да покаже ефикасност во извршувањето на своите обврски... Од почетокот на мандатот го планиравме и го изготвивме Законот со максимална вклученост на АСК. За да го обезбедиме процесот, побаравме обезбедување на лаптопи, таблети и регрутирање на набљудувачи и попишувачи за да избегнеме натамошно одолговлекување на постапката, рече Курти.

Тој напомена дека од новименуваниот вршител на должноста директор на АСК, Авни Кастрати добил писмо „кое докажува дека процесот на попис досега не е менаџиран добро“.

- Овојпат го имаме ветувањето дека грешките од минатото нема да се повторат и дека веќе е сé јасно со оглед на научените лекции, рече Курти. иа/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан