• вторник, 05 ноември 2024

Положени цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски

Положени цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - На 13 ноември пред 78 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, градоначалничката на Градот Скопје Данела Арсовска положи цвеќе и им оддаде почит пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“. На гробиштата во Бутел цвеќе положија и делегации на Владата, на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна - Скопје, од Кабинетот на Претседателот на државата, од Собранието на Републикa Македонија, од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, од општините на Град Скопје, од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје, делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции. ев/лв/

Остани поврзан