• петок, 24 мај 2024

Политичкиот резултат од европските избори во Грција нема да доведе до предвремени парламентарни избори

Политичкиот резултат од европските избори во Грција нема да доведе до предвремени парламентарни избори

Атина, 18 април 2024 (МИА) – Политичкиот резултат од европските избори на 9 јуни, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, нема да доведе до предвремени избори во Грција, кој паралелно го повтори ставот на премиерот Кирјакос Мицотакис дека следните избори во Грција ќе се одржат во 2027 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис, на денешниот брифинг со новинарите во Солун, посочи дека „претстојните европски избори се важен крстопат за стабилноста на земјата, но не се покренува прашање за предвремени парламентарни избори“.

На истражувањата на јавното мислење спроведени во изминатиот период во земјата, Нова демократија е прва со големо водство, меѓутоа со намален процент во однос на парламентарните избори во јуни 2023 година, за што владиниот портпарол коментираше дека „анкетите се многу корисна алатка“ и ги прифаќаат, „од голема вредност се, но најголема вредност имаат изборите“. ср/паг/

Остани поврзан