• сабота, 18 мај 2024

Покетино за победата над Астон вила: Тоа беше најдобриот натпревар на Челзи сезонава

Покетино за победата над Астон вила: Тоа беше најдобриот натпревар на Челзи сезонава

Бирмингем, 8 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, е задоволен од настапот на тимот во натпреварот од четвртото коло од ФА купот со Астон вила.

„Сините“ од Лондон синоќа на гостински терен забележаа победа со 3:1.

- Тоа беше еден од најдобрите, можеби и најдобриот наш настап во сезоната. Многу сум задоволен од играта и од тоа како играчите уживаа во фудбалот. Ова најмногу ме радуваше. Ние сме млада екипа, а да се биде стабилен е најтешко за една млада екипа. Со млад тим, најтешко е да се најде рамнотежа, изјави Покетино.

Челзи се пласираше во осминафиналето каде за противник ќе го има тимот на Лидс. Натпреварот ќе се одигра на 28 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан