• вторник, 02 јули 2024

Познати термините за квалификациите за ЛШ во футсал во Скопје

Познати термините за квалификациите за ЛШ во футсал во Скопје

Скопје, 23 септември 2022 (МИА) – УЕФА ги одреди термините за претстојните квалификациските групи од главната фаза во Лигата на шампиони во футсал од кои на една ќе биде домаќин македонскиот првак Шкупи.

Македонскиот шампион е домаќин на квалификациската група 8 во која покрај Шкупи ќе играат и словачки Лученец, чешки Чрудим и Диферданж од Луксембург.

Турнирот ќе се одржи од 25 до 30 октомври во СЦ „Јане Сандански“, а Шкупи во првото коло на 26 септември ќе игра против Диферданж.

Противник на македонскиот состав во второто коло (27 октомври) ќе биде Лученец, додека во завршното коло Шкупи ќе игра против Чрудим.

Пласман во елитната фаза ќе обезбедат само првопласираните екипи во групната фаза.ег/

Остани поврзан