• понеделник, 08 јули 2024

Пожар на планината Серта

Пожар на планината Серта

Штип, 6 октомври 2023 (МИА) - Гори нискостеблеста шума на планината Серта во атарот на штипското село Селце. Зафатени се околу 20 хектари.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот е на непристапен терен, а во моментов на терен се седумина пожарникари со две возила.

Инаку пожарот доаѓа од правец на Општина Неготино, а дојавата штипските пожарникари ја добиле околу 18 часот.

Според Коцев станува збор за голем пожар, очекува во текот на утрешниот ден да се интервенира од воздух. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан