Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
- Од екипа на територијалните противпожарни единици - Гевгелија и Дојран, пожарот бил изгаснат.
Скопје, 18 август 2025 (МИА) - На патот Валандово - Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки во движење, управувано од Г.З., 56-годишно лице од Република Србија. Ова било пријавено синоќа во 22:44 часот во Секторот за внатрешни работи - Струмица.
Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, од екипа на Територијалните противпожарни единици - Гевгелија и Дојран, пожарот бил изгаснат, а повредени лица - нема.
Увид бил извршен. бд/дма/
Фото: МИА архива