• среда, 17 јули 2024

Пожарот на Пелопонез сѐ уште активен

Пожарот на Пелопонез сѐ уште активен
Атина, 20 мај 2021 (МИА) – Дополнително се евакуираат населби во близина на Коринт, каде што пожарот што изби доцна синоќа, сѐ уште не е ставен под контрола, а ветерот дополнително ја отежнува работата на пожарникарите, додека пак чадот стигна до Атина и Кикладските Острови, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Секретаријатот за цивилна заштита, со две пораки испратени во 14 и 15 часот, преку специјалниот број за итни случаи 112, побараа од жителите на повеќе делови во близина на Коринт да ги напуштат домовите, а веќе превентивно се евакуирани шест села и два манастири. Пожарт избувна во планински дел, поради ветерот се шири брзо, а во конкретниот регион поголем дел од куќите се викендички. Официјално не е соопштено колкава е материјалната штета, иако, неофицијално, според медиумите, има куќи чии делови се изгорени. Грчката противпожарна служба со над 200 пожарникари, пешадиски тимови со над 80 возила, од копно и со 17 авиони и четири хеликоптери од воздух се обидува, пожарот да го стави под контрола. На пожарникарите им помагаат и цистерни од општината и волонтери. Чадот од пожарот, поради ветерот, стигна до Атина, но и до Кикладските Острови, според пораталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина. ср/ми/

Остани поврзан