• недела, 22 декември 2024

За шест месеци во Албанија запленет имот вреден 100 милиони евра, стекнат од криминални активности

За шест месеци во Албанија запленет имот вреден 100 милиони евра, стекнат од криминални активности

Тирана, 17 јули 2024 (МИА) - По налог на општинските обвинителства во Албанија, во првата половина од годинава запленет е имот вреден околу 100 милони евра, стекнат од криминални активности.

Според извештајот на државното јавно обвинителство, најголеми заплени на имот се извршени во Тирана во вредност од 60 милиони евра.

Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност во Тирана само во текот на месец јуни заплени 50 милиони евра имот на некои трговски субјекти за кривично дело „ перење пари од кривично дело или криминална активност“. Во меѓувреме, во последниот месец ова обвинителство заплени 10 милиони евра имот на банкарски сметки во рамките на истрагите за шемата за измама со кредитирање, администратори на финансиски субјекти,  соопштија од Обвинителството

Исто така, според Јавното обвинителство, од страна на Обвинителството на Валона се запленети 35 милиони евра недвижен имот, поточно во приморското гратче Химара, стекнат со фалсификување документи.

-Обвинителството  на Основниот суд од општата надлежност Фиер, само во една од последните истражни дејствија на оваа институција заплени средства во вредност од 2 милиони евра за кои постои сомневање дека потекнуваат од криминална активност, се наведува во извештајот.

Заплена на движен и недвижен имот, автомобили како и разни трговски субјекти се запленети 
по налог на обвинителствата во Драч, Елбасан, Саранда, Лежа, Ѓирокастро и Корча. вт/

Остани поврзан