• четврток, 04 јули 2024

Повредениот Халанд ќе паузира до Божик

Повредениот Халанд ќе паузира до Божик
Осло, 5 ноември 2021 (МИА) – Напаѓачот на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд најверојатно ќе отсуствува од фудбалските терени до Божик, најави неговиот татко Алф-Инге за норвешката телевизија ТВ2. - Тој е релативно добро со оглед на ситуацијата, но ќе паузира уште извесно време. Би било бонус кога би заиграл пред Божик, но тоа е малку веројатно, изјави Алф-Инге Халанд. Норвешкиот голгетер е надвор од терените од 20 октомври кога го повреди колкот на натпреварот против Ајакс. Халанд поради мускулна повреда паузираше и во септември, но, сепак, 21-годишниот напаѓач сезонава постигна 13 голови во сите натпреварувања. Борусија Дортмунд е второпласирана во Бундеслигата со бод помалку од лидерот Баерн Минхен. ег/паг/

Остани поврзан