• недела, 18 август 2024

Повлечени обвиненијата против 95 Либијци во Јужна Африка, нема докази за нивно учество во нелегална воена обука

Повлечени обвиненијата против  95 Либијци во Јужна Африка, нема докази за нивно учество во нелегална воена обука

Јoханесбург, 15 август 2024 (МИА) - Јужноафриканското обвинителство ги повлече обвиненијата против 95 либиски државјани уапсени во јули во, како што соопшти тогаш полицијата, нелегален воен камп за обука со оружје, соопштија денеска официјални претставници.

Обвинетите рекоа дека во кампот биле на „обука за безбедност“, но Обвинителството смета дека нема доволно докази за да ги гони поради тоа.

Полицијата соопшти дека Либијците дошле во Јужна Африка со студентски визи, а единственото можно обвинение е за кршење на законите за имиграција, посочија од Обвинителството, но дури и тоа нема да биде бидејќи нивниот адвокат денеска им рече на новинарите дека очекува тие да бидат депортирани назад во Либија во следните 48 часа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан