• петок, 21 јуни 2024

Пиоли: Интер оваа година беше посилен од сите, не само Милан

Пиоли: Интер оваа година беше посилен од сите, не само Милан

Милано, 12 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го сподели своето мислење за шампионатот на Интер во Серија А оваа сезона.

- Ниту еден тим не успеа да го одржи нивото на Интер. Нашиот тим работеше многу напорно и даде се од себе, но не успеавме да го одржиме ова ниво. Имаме силен тим кој се трудеше, но во одредени моменти од првенството не можеше да надмине одредени пречки. Интер беше посилен од сите, не само од нас, рече Пиоли по синоќешната победата над Каљари со 5:1.

На две кола пред крајот на првенството Интер постигна 92 бода и веќе ги обезбеди златните медали. Милан е на второто место со 74 бодови.

Под водство на Пиоли, Милан пред две години беше шампион во Италија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан