Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
- Украинските власти денеска соопштија дека пет лица загинале, а 15 лица се ранети во рускиот ракетен напад врз областа Харков.
Киев, 19 мај 2024 (МИА) - Украинските власти денеска соопштија дека пет лица загинале, а 15 лица се ранети во рускиот ракетен напад врз областа Харков.
Началникот на областа, Олех Синехубов изјави дека меѓу ранетите има и вработен во Итната помош, како и дека е оштетена амбуланта, пренесува агенцијата Униан.
Локалните власти потврдија дека повредените се префрлени во болници, како и дека има материјална штета на станбени згради. рп/
Фото: ЕПА