• недела, 22 декември 2024

Дебата „Справување со ризиците” - глобализација и зајакнување на европската надворешна политика

Дебата  „Справување со ризиците” - глобализација и зајакнување на европската надворешна политика

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Академијата за Европски интеграции од Скопје, во рамки на овогодишната Катедра Аденауер, денеска организираат панел дискусија на тема „Справување со ризиците” - глобализација и зајакнување на европската надворешна политика.

Панел дискусијата ќе се одржи во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, а обраќања ќе имаат Петер Баер - пратеник во Германскиот Бундестаг, Викторија Трајков - заменик министер за европски прашања, Гордан Георгиев од Форум за разумни политики и универзитетските професори Христина Рунчева Тасев и Васко Наумовски.

Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти, претставници на академската заедница, како и носители на политички функции дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми од областа на Европската унија, генералните предизвици со кои се соочува европскиот континент, како и на теми поврзани со проширувањето на ЕУ и регионот на Западен Балкан.са/

Фото: принтскрин

 

 

 

Остани поврзан