• недела, 19 мај 2024

Перез ќе го тужи поранешниот полициски комесар на Шпанија, кој го обвини за поткуп на арбитри

Перез ќе го тужи поранешниот полициски комесар на Шпанија, кој го обвини за поткуп на арбитри

Мадрид, 3 октомври 2023 (МИА) - Реал Мадрид излезе со соопштение во врска со наводите за поткуп на судии.

 

За потсетување, поранешниот комесар на шпанската национална полиција, Хозе Мануел Виљарехо, изјави дека мадридскиот клуб поткупувал судии уште пред Барселона да почне да го прави тоа: „Тие беа забележани во ова и пред случајот Негреира. Секој што ќе се осмели да го осуди Перез би извршил самоубиство“.

 

- По ваквата изјава на Виљарехо, претседателот на Реал, Флорентино Перез, нареди итно да се почне соодветна правна постапка против поранешниот комесар за лажните обвинувања искажани на каталонското радио RAC1, се вели во соопштението на „Кралскиот клуб“.

 

Претходно се дозна дека и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта подготвува тужба против Виљарехо. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан