• петок, 22 ноември 2024

Пендаровски: Цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Пендаровски: Цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. - Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата, објави Пендаровски на социјалната мрежа Твитер. Претходно и премиерот Димитар Ковачевски ја осуди одлуката на Руската Федерација да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск. - Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015, напиша Ковачевски на Твитер. Осуда за признавањето од страна на украинските области Доњецк и Луганск како независни, рано утрово дојде и од министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. – Ваквите акти претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Северна Македонија уште еднаш ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, напиша Османи на Твитер, по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на т.н. Доњецка народна република и Луганска народна република во Украина. нд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан