• сабота, 29 јуни 2024

Пелегрини ќе потпише двегодишен договор со Бетис

Пелегрини ќе потпише двегодишен договор со Бетис
Севиља, 7 јули 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Вест Хем, Мануел Пелегрини наскоро ќе стане предводник на Бетис, објавија шпанските медиуми. Преговорите меѓу двете страни, кои траеја околу три недели, скоро завршија. Чилеанецот ќе потпише двегодишен договор со клубот. За потсетување, 66-годишниот фудбалски стручњак беше отпуштен од лондонскиот клуб во декември минатата година. Претходно, тој работеше со Реал Мадрид, Малага и Виљареал. зс/

Остани поврзан