• недела, 14 јули 2024

Пеков: Европа пука по шефови, историјата ќе се повтори

Пеков: Европа пука по шефови, историјата ќе се повтори

Москва, 13 јули 2024 (МИА) – Европските држави ќе се изложат на ризик ако прифатат на нивна територија да бидат распоредени американски проектили со долг дострел, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој, коментирајќи ја можноста САД да распоредат хиперсонични проектили во Европа, истакна дека Русија има „доволно потенцијал да ги одврати тие проектили, но главните градови на овие европски држави би биле потенцијални жртви“.

Песков посочи и дека за време на Студената војна американските проектили стационирани во Европа биле насочени кон Русија, а руските во исто време биле насочени кон Европа, поради што земјите од Стариот континент биле главни цели на секој потенцијален конфликт.

Европа сега пука по шефови. Ова не е најдобро време за Европа и затоа, вака или онака, историјата ќе се повтори, наведе Песков. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан