• недела, 14 јули 2024

Бајден: Нема место во САД за таков вид насилство, по пукањето врз Трамп

Бајден: Нема место во САД за таков вид насилство, по пукањето врз Трамп

Вашингтон, 14 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „нема место за такво насилство“ откако поранешниот претседател на САД Доналд Трамп беше повреден по пукање на изборен митинг во Пенсилванија.

„Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и се чувствува добро“, рече Бајден во изјавата, додавајќи: „Се молам за него и неговото семејство и за сите оние кои беа на митингот, додека чекаме дополнителни информации“.

Тој додаде: „Нема место за ваков вид насилство во САД. Мораме да се обединиме како една нација за да го осудиме“. зш/

Остани поврзан