• сабота, 28 декември 2024

Партијата на пензионери даде поддршка на Стево Пендаровски како кандидат за претседател

Партијата на пензионери даде поддршка на Стево Пендаровски како кандидат за претседател

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Партијата на пензионери даде поддршка на Стево Пендаровски како кандидат за претседател, на денешната конвенција која се одржува во Скопје, одржувајќи и годишна седница на централниот одбор. 

Претседателот на партијата Илија Николовски, порача дека досега Пендаровски многу успешно ја извршувал должноста претседател на државата и врховен командант на вооружените сили и нагласи дека во поновата историја не сме имале покомпетентна личност за кандидат за претседател.

Тој наведе неколку причини зошто досегашниот претседател треба да добие втор мандат. За Пендаровски рече дека е со силна посветеност за членство во НАТО и ЕУ, претседател на сите без разлика на етничка, верска, политичка, или друга припадност.

- Пендаровски зад себе нема ниту една стратешка грешка, ниту една корупциска афера или случај на судир на интереси. Без непотизам и клиентилизам и кронизам, за што сме сведоци, нагласи Николовски, осврнувајќи се и на противкандидатката, Гордана Силјановска Давкова, за која, меѓу другото, рече дека сменила неколку партии. 

Со тоа што го оспорува Преспанскиот мировен договор, рече, таа ја затвора вратата за влез во Европа.

Пред присутните се обрати и Пендаровски, кој меѓу другото, го спомена и 27 април.

- И пет години потоа, тие не само што не се извинија, кој било од нив, во лично име, претседателот на партијата како наследник поставен, лично од претходникот негов на таа позиција, туку предлагаат и кандидат кој најавува амнестија за тие кои влегоа да убиваат и да тепаат со главна политичка цел да не дозволат мирна транзиција на власта на оние кои имаат мнозинство пратеници во тој момент, изјави тој меѓу другото.

Пендаровски се осврна на тоа и зошто е добро што сме членка на НАТО Алијансата. бд/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан