• недела, 29 декември 2024

СДСМ: Граѓаните се гушат, власта мора да преземе мерки против загадувањето на воздухот

СДСМ: Граѓаните се гушат, власта мора да преземе мерки против загадувањето на воздухот

Скопје, 28 декември 2024

Борбата против загадениот воздух е долг процес кој бара континуирана посветеност, стратешки и конкретни мерки од власта и институциите за намалување на загадувањето.

Шест месеци како власта на ДПМНЕ ја презеде одговорноста за жал гледаме дека нешто сериозно не се презема. Граѓаните се оставени сами на себе.

Скопје, главниот град на нашата држава, повторно е на листата на најзагадени градови во светот. Според извештаите на УНИЦЕФ, граѓаните на Скопје, Тетово, Куманово и Велес дишат загаден воздух повеќе од 3 месеци. Светската банка, пак, алармира дека загадувањето годишно убива 2.800 наши сограѓани.

Овие податоци се алармантни и бараат нужна институционална акција која досега изостанува.

Каде се ветувањата на Мицкоски и ВМОР-ДПМНЕ? Кога беа во опозиција, најавуваа 1 милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50%. Тие ветувања денеска се покажаа како една голема лага.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не презема сериозни мерки, туку дополнително ги намалува средствата за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно.

Тоа е неодговорно и мора да се промени.

Владата мора веднаш да ги ревидира своите политики и да преземе сериозни чекори за справување со загадувањето. Секој ден одложување значи уште повеќе загрозени животи на нашите сограѓани.

За споредба, Владата на СДСМ преземаше низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот. Почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму.

Овие мерки и политики дадоа резултат и затоа требаше да бидат продолжени и надградени.

Фактите говорат дека просечните годишни концентрации на најкритичната загадувачка честичка PM10 и PM 2.5 во последните пет години (2020-2024) се намалија како резултат на успешно преземените мерки и инвестиции, и тоа е евидентно од податоците на  државниот мониторинг-систем. )

Овие резултати го потврдуваат успехот на нашите мерки и посветеноста кон решавањето на овој проблем, истите се јавно објавени и достапни за секој граѓанин.

Но, тоа не е доволно. Борбата со загадувањето мора да биде постојана.

Преку буџетот на МЖСПП и во соработка со нашите стратешки партнери, Владата на СДСМ инвестираше околу 3 мил евра во модернизација и подобрување на функционалноста на  на државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на воздухот, кој овозможува достапност на податоците во реално време до секој граѓанин.

Во целост се реализираше Оперативната програма за одржување на овој систем, која вклучуваше набавка на нови мониторинг станици и резервни делови за одржување на системот, кој сегашната Влада го наследи како комплетен и функционален. Но не гледаме дека нешто сега се прави.

Некои мерки што сега се презентираат како „нови“ од сегашната Влада се всушност продолжение на нашите успешно спроведени политики. На пример:

●      Мерката за „квалитетно огревно дрво“ беше воведена од СДСМ и поддржана со интензивни медиумски кампањи со наслов „Топли препораки“

●      Субвенциите за замена на нееколошките системи за греење со инвертер клими и други еколошки опции се доделуваат веќе години наназад

●      Градот Скопје уште во 2020 година воведе бесплатна услуга за отстранување на остатоци од бербата за да се спречи палењето стрништа.

Дополнително, за реализација на програмата за воздух, во буџетите од 2019 до 2021 година беа издвоени и успешно реализирани повеќе од 300 милиони денари. Парите се реализираа во општините низ државата за замена на нееколошките системи за затоплување и енергетска ефикасност во јавни објекти.

За жал, ваква финансиска програма не е предвидена со буџетот за 2025 година, предвидени се 0,00 денари, ниту пак слични активности финансиски поддржани од буџетот кои ќе допринесат за намалување на загадувањето на воздухот.

Ова е разликата помеѓу вистинската посветеност и добро осмислените политики кои носат резултати, што не е случај со ДПМНЕ кои покажуваат голема неспособноста да се справат со проблемите во животната средина.

СДСМ останува посветена на подобрувањето на животната средина и здравјето на граѓаните, силно ќе се бориме против погрешните политики на власта,  но и со одржливи предлог решенија.

Сепак, одговорноста е во власта и мора да покаже волја да ги промени политиките и да почне да работи за намалување на загадениот воздух преку продолжување на процесот кој го ззапочна и успешно го реализираше СДСМ.

Одговор на новинарско прашање, Каја Шукова потпретседателка на СДСМ

Политиките на власта со така наречени кошнички доживеа дебакл и сите најави сега за некакви корекции се само уште една манипулација. Наместо намалување на цените и достапни производи, милиони евра се извлечени од џебовите на народот преку таканаречените „кошнички“. Основните производи поскапеа наместо да поевтинат и станаа луксуз за граѓаните, власта дозволи буквално грабеж. Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност, токму пред новогодишните празници. Прашањето е – што им должеше Мицкоски на трговците за да дозволи ваква пљачка врз грбот граѓаните?

Само за шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши драматично. Мицкоски се грижи за елитата и бизнис интересите, додека народот плаќа висока цена.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција на Каја Шукова потпретседателка на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан