• недела, 29 декември 2024

Општина Дојран ги ослободи сите деца од плаќање за престој во градинка

Општина Дојран ги ослободи сите деца од плаќање за престој во градинка

Дојран, 28 декември 2024 (МИА) - На предлог на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, Советот на Општината донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња, односно Дојран за првпат обезбедува таква социјална услуга за сите дечиња согласно капацитетот на градинката.

Според градоначалникот Ангов, ова е социјална мерка со која во време на голема инфлација излегуваат во пресрет на родителите.

-Општина Дојран се грижи за најмалите и нејзина крајна цел е да се овозможи секое дете да се образува уште од најмали нозе, да се создадат услови на еднаквост помеѓу децата и се овозможува секое дете да има можност да помине период во градинка во својата предучилишна возраст, затоа што децата заслужуваат без никакви пречки да го развиваат својот потенцијал. Само со ваков пристап можеме да инвестираме во иднината на децата, создавајќи услови за социјален и образовен напредок, изјави Ангов.

Инаку, во градинката во Дојран престојуваат околу 60 деца, а месечниот надоместок кој досега го плаќаа родителите изнесуваше две илјади денари.рт/вј/

Фото: Општина Дојран

Остани поврзан