• вторник, 26 ноември 2024

Парламентот на Сенегал го одобри одложувањето на претседателските избори

Парламентот на Сенегал го одобри одложувањето на претседателските избори

Дакар, 6 февруари 2024 (МИА) - Парламентот на Сенегал усвои закон во услови на голем хаос и напнатост за одложување на претседателските избори, првично закажани за 25 февруари, за 15 декември 2024 година, пренесоа светските агенции.

Нормативниот акт едногласно го изгласаа присутните 105 пратеници во собранието, но нивните колеги од опозицијата отсуствуваа од Собранието.

Според друг текст на законот, претседателот Маки Сал ќе остане на функцијата се додека не биде избран неговиот наследник.

Расправите кои почнаа вчераутро продолжија до доцна синоќа во вжештена атмосфера, при што дел од пратениците дури и преку ден се степаа.

Целта на одложувањето на гласањето е „да се избегне институционална нестабилност и сериозни политички немири“ и да доведе до „целосно продолжување на изборниот процес“, се вели во извештајот на парламентарната комисија која го подготви нацрт-законот.

Одложувањето на изборите, исто така, овозможува да се земат предвид „реалностите во земјата“, вклучително и тешкотиите за водење изборна кампања во екот на сезоната на дождови, меѓу јули и ноември и коинцидираат со големите верски празници, се нагласува во текстот. мс/

фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан