• понеделник, 23 декември 2024

Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа

Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа

Рамала, 9 ноември 2024 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас во телефонски разговор му ја честитал изборната победа на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а Трамп му возвратил дека ќе работи на запирање на војната, соопшти кабинетот на палестинскиот претседател.

Абас му посака среќа на Трамп додека се подготвува за неговото второ влегување во Белата куќа и изрази подготвеност да работи со него за постигнување „праведен и сеопфатен мир заснован на меѓународен легитимитет“, се наведува во соопштението на кабинетот на палестинскиот претседател.

Трамп, кој ќе се врати во Белата куќа на 20 јануари, му рекол на Абас дека „ќе работи на запирање на војната“ и дека е подготвен да работи со Абас и сите заинтересирани страни за „промовирање на мирот на Блискиот Исток“.

Трамп и палестинскиот лидер имаа многу нестабилни односи за време на неговиот прв мандат, особен о по одлуката за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан