• понеделник, 03 јуни 2024

Пакистанската армија нападна упориште на талибанците во близина на границата со Авганистан

Пакистанската армија нападна упориште на талибанците во близина на границата со Авганистан

Исламабад, 26 септември 2023 (МИА) - Пакистанските сили убиле тројца припадници на пакистанските талибанци при рација во поранешно упориште на талибанците во близина на границата со Авганистан, соопшти денеска пакистанската армија.

Еден од командантите е убиен во вчерашната престрелка во Хајбер, се наведува во денешното соопштение.

Пакистанските талибанци - „Техрик-е-талибан Пакистан“ (ТТП) е посебна група во сојуз со авганистанските талибанци, кои го презедоа Авганистан пред две години, откако трупите на САД и НАТО се повлекоа од земјата, 20 години по војната.

Преземањето на власта во Авганистан, исто така, ги охрабри пакистанските талибанци да ги засилат нападите врз полицијата и армијата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан