Охридскиот Црвен Крст и годинава ја организира новогодишната акција „Волшебна елка“
- Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид и оваа година ќе ја спроведе новогодишната хуманитарна акција „Волшебна елка“ наменета за децата од социјално загрозените семејства.
Охрид, 11 декември 225 (МИА) – Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид и оваа година ќе ја спроведе новогодишната хуманитарна акција „Волшебна елка“ наменета за децата од социјално загрозените семејства.
Во соработка со „Oхридмол“ во просторот на молот кај големата Новогодишна елка, волонтерите на Црвен крст Охрид во посебен сад ќе постават волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Секој хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони, да го обезбеди подарокот и на тој начин да ја исполни новогодишната желба на некои од дечињата.
Акцијата ќе трае од денеска до 22 декември, а децата своите новогодишни подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава што че биде организирана на 25 декември.
„Во декември, месецот на дарување, да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста, солидарноста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на децата кои живеат во социјален ризик. Бидете хумани, дарувајте и израдувајте. Ве очекуваме со волшебни лампиони кај Новогодишната елка во ‘Охридмол’“, порачуваат од Црвен крст Охрид. аб/са/
фото/плакат