,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
- Водата од водоводот Лукар е исправна и може да се употребува за пиење, известија денеска од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, откако претходно, на 3 март, кавадаречкото и неготинското комунално претпријатие, соопштија дека е заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите и беше потребно да се преврива.
Кавадарци, 6 април 2026 (МИА) - Водата од водоводот Лукар е исправна и може да се употребува за пиење, известија денеска од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, откако претходно, на 3 март, кавадаречкото и неготинското комунално претпријатие, соопштија дека е заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите и беше потребно да се преврива.
- Сектор водовод при ЈП „Комуналец“ Кавадарци на карактеристични места низ градот направи интерни испитувања на водата за пиење. Со испитувањата се утврди дека присуството на резидуален хлор во водоснабдителниот систем е во граници на нормалата. Со ова се констатира дека водата од водоводот Лукар е исправна и може да се употребува за пиење, појаснија од претпријатието. свд/вј/
Фото: МИА архива