• сабота, 18 мај 2024

Отворање студентска изложба во Галерија МКЦ

Отворање студентска изложба во Галерија МКЦ

Скопје, 9 мај 2024 (МИА) - Изложба на слики и графики од студенти на Факултетот за уметност и дизајн од Меѓународниот балкански универзитет ќе биде отворена вечер од 19 часот во Галерија на Младинскиот културен центар. Студентските дела се изработени во традиционални медиуми како дел од работните задачи на факултетот. 

Како што соопшти МКЦ, изложбата ја одбележува соработката помеѓу двете институции и нивниот придонес во културната и социјалната едукација на младите.

-Студентското претставување пред пошироката јавност ќе ги прикаже нивните креативни, иновативни и уметнички способности преку негувањето на традиционалните ликовни дисциплини, како што е цртежот, графиката и сликарството. Оваа иницијатива ги поддржува младите уметници да продолжат да ги градат своите креативни идеи, како и одлична можност да се сретнат со публика и критика надвор од образовниот процес. Со тоа им се овозможува реална пракса и поблиска интеракција со нивната идна професија, наведува МКЦ за изложбата која ќе може да се посети до 14 мај. хс/са/ 

Фото: МКЦ 

 

 

Остани поврзан