• среда, 29 мај 2024

Основните училишта во Јута ја забрануваат Библијата поради „вулгарности и насилство“

Основните училишта во Јута ја забрануваат Библијата поради „вулгарности и насилство“

 Солт Лејк Сити, 3 јуни 2023 (МИА) - Неколку основни училишта во американската држава Јута ја забранија Библијата поради „вулгарности или насилство“.

Училишната област северно од Солт Лејк Сити, која опслужува околу 72.000 ученици, ја задржала Библијата на списокот на дозволени книги за средношколци.

Одлуките беа донесени според законот од 2022 година кој бара од училишните администратори да ги вклучат родителите во одлучувањето што претставува „чувствителен материјал“ за учениците.

Сепак, не е познато кој поднел петиција за забрана на Библијата во некои училишта во Јута. Училишната управа одби да го објави идентитетот на лицето чиј предлог беше одобрен, повикувајќи се на политиката за приватност на училишниот одбор. зш/

Остани поврзан