• петок, 22 ноември 2024

Пет лица загинаа, а 14 се повредени во експлозија во фабрика во Кина

Пет лица загинаа, а 14 се повредени во експлозија во фабрика во Кина

Пекинг, 27 јули 2024 (МИА) - Пет лица загинаа, а 14 се повредени во експлозија во металуршка фабрика во централната кинеска провинција Хенан, соопштија денеска локалните власти.

Одделот за итни случаи на градот соопшти дека експлозијата се случила во петокот попладне во индустрискиот парк Гаожуанг.

 „Во индустриски парк во градот Јонгченг, експлодираше калап за време на производството на алуминиумски шипки, при што загинаа пет лица, а 14 беа полесно повредени“, се вели во соопштението. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан