• петок, 22 ноември 2024

Османи: Уставните измени да се прифатат што поскоро, стоењето во место ни ги ослабува позициите 

Османи: Уставните измени да се прифатат што поскоро, стоењето во место ни ги ослабува позициите 

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Уставните измени да се прифатат што поскоро бидејќи останувањето во место само ни ги ослабува позициите на евроинтегративниот пат, оцени поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, во интервју за Канал 5, вели дека процесот мора да се одржи жив и уставните измени се потребни за отпочнување на преговорите и отворање на кластерот фундаменти.

-За нас беше важно да се заклучат прашања кои се стожерот на нашите позиции како држава, тенденциите од Бугарија не беа во наш прилог. Бугарите во Македонија се наши сограѓани, не се бугарски државјани, а успехот на нашата дипломатија беше Софија да каже „не ни поминуваат прашањата за историја и идентитет - дајте барем да се внесат Бугарите во уставот“. Не се обидувам да релативизирам за лошите барања што ги има Бугарија, стоењето во место ни ги ослабува позициите, изјави Османи. аа/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан