• понеделник, 23 декември 2024

Ослободени осомничените за ланската бродска несреќа во близина на Пелопонез

Ослободени осомничените за ланската бродска несреќа во близина на Пелопонез

Атина, 21 мај 2024 (МИА) – Судот во грчкиот град Каламата денеска ги ослободил деветмината уапсени и осомничени за бродската несреќа со стотици загинати мигранти јужно од Пелопонез, со образложение дека не е надлежен бидејќи бродот потонал во меѓународни води, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Деветтемина египетски државјани кои се товареа за предизвикување несреќа и за криумчарење мигранти, биле ослободени и од двете обвиненија.

„Катимерини“ пишува дека одлуката била донесена поради недостиг на меѓународна јурисдикција, бидејќи, според судот, бродот потонал во меѓународни води, 47 наутички милји југозападно од Пилос, а според сведоштвата и достапните податоци, воопшто не влегол во грчките територијални води, ниту пак Грција била крајната дестинација.

Затоа било одлучено дека судот нема надлежност за случајот, а обвиненијата против Египќаните се отфрлени.

На средината на јуни минатата година рибарски брод, на кој е непознат точниот број на лица кои се превезувале, се преврти и потона југозападно од местото Пилос на Пелопонез, додека пловеше кон Италија.

Спасени беа 104 лица, пронајдено 81 безживотно тело, а стотици беа исчезнати.

Преживеаните, тогаш сведочеа дека на бродот имало околу 700 лица. ср/

Остани поврзан