Осака: Имам измешани емоции, жал ми е што го напуштам Мелбурн толку рано, но мило ми е што наскоро ќе ја видам Шаи
- Јапонската тенисерка Наоми Осака ги сподели своите размислувања за настапот н раната елиминација на годинашното издание на Австралија опен.
Мелбурн, 18 јануари 2024 (МИА) – Јапонската тенисерка Наоми Осака ги сподели своите размислувања за настапот н раната елиминација на годинашното издание на Австралија опен.
Јапонката загуби од Каролин Гарсија во првото коло на Грен слемот во Мелбурн со 4:6 и 6:7(2).
- Имам измешани емоции. Жал ми е што го напуштам Мелбурн толку рано, но со нетрпение чекам да се сретнам со мојата ќерка Шаи. Мило ми е што ќе бидам дома кога таа ќе ползи за прв пат. Она што ме загрижуваше порано, сега веќе не ме мачи - едноставно немам време за тоа. Затоа, се чувствувам како повеќе да немам време да тажам поради поразите. Светот не стои, а јас треба да продолжам да одам напред, изјави Осака.
Јапонката е четирикратна освојувачка на Грен слем трофеи, по два на Австралија опен и на УС опен. зс/
Фото: ЕПА