• понеделник, 23 декември 2024

Орден од Украина за претседателот на Собранието Талат Џафери

Орден од Украина за претседателот на Собранието Талат Џафери
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Во рамките на Првиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа кој што се одржува во Загреб, претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, му додели на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Орден „Јарослав Мудриот“. Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, за значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот. Од собраниската прес-служба информираат дека покрај Џафери, овој Орден за заслуги го добиле и Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска.сст/са/    

Остани поврзан