Општина Тетово ќе има 48,5 милиони евра буџет во 2025, од нив 16,5 за капитални инвестиции
- Општина Тетово денес ги заврши јавните дебати за предлог буџетот за 2025 година со средба на која своите предлози ги истакнаа претставници на невладините организации. Претходните денови вакви средби се одржаа со претставници на месните заедници и руралните населени места.
Тетово, 27 декември 2024 (МИА) - Општина Тетово денес ги заврши јавните дебати за предлог буџетот за 2025 година со средба на која своите предлози ги истакнаа претставници на невладините организации. Претходните денови вакви средби се одржаа со претставници на месните заедници и руралните населени места.
Претставник на невладина организација побара да има општински простор за дебати и слично активности на граѓански здруженија. Градоначалникот Касами рече дека за таков простор е можно да се искористи делот од објектот Радио Тетово каде сега има маркет. Од една кошаркарска школа побараа финансиска поддршка, за што Касами рече дека ќе направи обид да се помогне.
Во изјава за медиумите Касами информираше дека за 2025 година буџетот на Опптина Тетово е проектиран да има 48,5 милиони евра.
-Може да се пофалам дека е овој еден од најголемите буџети во историјата на Општина Тетово со речиси 50 милиони евра. Поточно од 48,5 милиони евра во овој буџет. Околу 5 милиони евра ќе бидат за капитални инвестиции. Исто така во 2025 година од средствата на унгарскиот кредит, ќе бидат предвидени за Општина Тетово 11,5 милиони евра за капитални инвестиции. Вкупно за 2025 година во буџетот се предвидени околу 16,5 милионо евра за капитални инвестиции. Другиот дел е за тековни трошоки и плати придонеси и така натаму. Можам да кажам дека ова е најповолниот буџет за Општина Тетово и исто така дека голема благодарност и до Владата со еден од најважните проекти за поддршка на општините со што реално помагаат на граѓаните во делот на подобрување на животниот стандард, истакна Касами.
Во делот на капиталните инвестиции како најголеми и најприоритетни проекти Касами посочи дека ќе се искористат средства за нова зграда за средното текстилно училиште и базени за основните училишта „Кирил и Методиј“ и „Наим Фрашери“.
-Се предвидуваат две атмосферски канализации за населба Дарданија и подвозникот кон село Фалише, кои беа перманентно проблеми за граѓаните. До 4 милиони евра се предвидени за патната инфраструктура,во градот и во селата, речиси во сите села е предвидено да се инвестира во подобрување на патната инфраструктура. Завршување на обиколницата во Попова Шапка, која е веќе отворена, сега е предвидено асфалтирање и завршување со сите други фази, рече Касами.
За подобрување на снабдување со вода, два милиони евра ќе се искористат за изградба на нов цевковод за изворите од Шар Планина како и дистрибутивна мрежа за една градска населба. ас/дма/
Фото: МИА