• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Првородените бебиња годинава во Струмица се близнаци

Првородените бебиња годинава во Струмица се близнаци

Струмица, 2 јануари 2025 (МИА) - Првородените бебиња во Струмица во новата година се машки близнаци. Попладнево, десетина минути пред 17 часот, на Одделението за гинекологија и акушерство при струмичката болница на свет ги донесе мајката Ѓоргина Стојчева од село Моноспитово, Општина Босилово.

Првото бебе се родило во 16:45 часот со тежина од 2.480 килограми и долго 49 сантиметри, а второто пет минути подоцна со тежина од 2,3 килограми и исто така долго 49 сантиметри.

Ова е прва рожба на мајката Ѓоргина, а породувањето го изврши д-р Соња Балџиева.

Инаку, среќниот татко на фејсбук објави дека близанците ќе ги носат имињата Јован и Јане. рт/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан