• петок, 28 јуни 2024

Општина Тетово почна да ги обновува улиците околу Стара градинка

Општина Тетово почна да ги обновува улиците околу Стара градинка

Тетово, 18 февруари 2024 (МИА) - Општина Тетово викендов почна со обнова на неколку улици кои гравитираат околу Стара градинка - коловозни ленти кои беа полни со дупки и го отежнуваа движењето со години во тој дел од градот.

Во јануари 2024 година, МИА објави дека тамошната месна заедница „Борис Кидрич“ алармира и упатува јавен повик и барање до Општина Тетово да преземе итни мерки со цел да се санираат повеќето улици кои гравитираат околу Стара градинка и двата објекти на ОУ Братство Миѓени“.  Повеќе улици со години стојат оштетени со огромни дупки, поради кои штети претрпуваат возилата на граѓаните во овој дел од градот.

-Работата за обнова на патната инфраструктура во нашиот град продолжува и за време на викендот. Денеска започна рехабилитацијата на улицата: „Бане Стефановски“ (од ул. Љ.Б.Пиш до ул. Борис Кидрич) - брусење и асфалтирање и улица „Андреа Ристовски“ (од ул. Б. Стефановски до бул. „Б. Тоска“) - брусење и асфалтирање. Се обврзавме и еден по еден ги решаваме наталожените проблеми во нашиот град. Чекор напред кон безбедноста во сообраќајот и благосостојбата на граѓаните. Работа, работа и само работа, се вели во објавата Општина Тетово

Во следниот период преостанува и да се работи и на „Љубо Божиновски-Пиш“. ас/свс/

Фото: Општина Тетово 

Остани поврзан