• сабота, 25 јули 2026

Општина Струмица ги известуваа граѓаните кои имаат штети од невремето да поднесат барања за надомест

Општина Струмица ги известуваа граѓаните кои имаат штети од невремето да поднесат барања за надомест

Струмица, 23 јули 2026 (МИА) - Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети од нвремето од 20 и 21 јули да поднесат барањe до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи заклучно до 31 овој месец. Барањето може да се подигне од просториите на Општина Струмица или да се симне преку линк објавен на општинската веб страница.

Се додава дека со секое барање е потребно да се поднесе комплетна документација имотен лист на име на барателот (не постар од 6 месеци), договор за закуп (доколку постои право на закуп) или решение за оставинска постапка, изјава заверена на Нотар дека објектот, имотот, односно оштетеното не се осигурани во осигурителна компанија, копија од лична карта и трансакциска сметка од барателот.

Се напоменува дека оштетено/уништеното - ако е објект мора да го има запишано во Имотен лист, ако е земјоделско земјиште во Имотен лист мора да е запишано како нива, ако станува збор за овоштарник во Имотен лист треба да е запишано како овоштарник. Во спротивно барањето нема да се разгледува, односно нема да се изврши проценка на штета.рт/са/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа