Градежни активности во Штип, за реконструкција на улици во четири населби се инвестираат еден милион евра
- Заврши целосната реконструкција на дел од улицата „Христијан Карпош“ во штипската населба Леваци. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека претходно на овој потег се работеше на подземната инфраструктура-водовод и канализација, изградени беа и нови тротоари, а денес се нанесува асфалтна маса. До крајот на летото се очекува да заврши асфалтирањето и реконструкцијата на сите улици во населбата Бело Брдо.
Штип, 24 јули 2026 (МИА) - Заврши целосната реконструкција на дел од улицата „Христијан Карпош“ во штипската населба Леваци. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека претходно на овој потег се работеше на подземната инфраструктура-водовод и канализација, изградени беа и нови тротоари, а денес се нанесува асфалтна маса.

До крајот на летото се очекува да заврши асфалтирањето и реконструкцијата на сите улици во населбата Бело Брдо. Во наредните неколку дена ќе започне реконструкцијата и на улиците „Рудо“, „АСНОМ“ и „Коле Неделковски“.
-Етапно од улица во улица верувам дека до крајот на летото ќе го изасфалтираме и ќе го изреконструктуираме целиот потег од практично Црвените и Зелените кули, до Мирјанина црква, тоа се неколку населби или месносната Бело брдо, месноста која опфаќа дел од населбите Леваци, Света Недела и Дузлачки Рид, со комплента промена на подземната инфраструктура и асфалтирање-вели Јорданов.

Тој забележа дека секоја улица во Штип темелно се реконструира, за да служи на идните генерации. Инаку, повеќе од еден милион евра се издвоени од буџетот на Општината за комплетна реконструкција на дел од улиците во населбите Бело Брдо, Леваци, Дузлаки Рид и Света Недела. вдј/са/
Фото: МИА