• недела, 26 јули 2026

Во тек е реконструкцијата на влезот во велешкото село Мамутчево

Во тек е реконструкцијата на влезот во велешкото село Мамутчево

Велес, 24 јули 2026 (МИА) – Во тек се интензивни земјени работи на уредување на влезот во велешкото село Мамутчево, по што ќе биде асфалтиран и уреден, информираат од Општина Велес.

Инаку овој проект е еден од петнаесетте за кои се обезбедени финансиски средства преку Владата во соработка со Министерството за транспорт.

Како што потенцираат од Општина Велес,  овој проект  претставува уште една значајна инвестиција  за подобрување на инфраструктурата и создавање подобри услови за живот на жителите на село Мамутчево.ад/

Фото Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа