• недела, 26 јули 2026

Јакимово доби комплетно нова улица со тротоарска површина

Јакимово доби  комплетно нова улица со тротоарска површина

Виница, 25 јули 2026 (МИА) - Во Општина Виница денеска заврши со реализацијата на уште еден значаен проект, како дел од низата инфраструктурни активности што се спроведуваат во овој период. Комплетно е изградена нова улица со тротоари од двете страни во село Јакимово, во должина од 300 метри. 

Како што информираат од локалната самоуправа, улицата е изведена согласно урбанистичкиот план за село Јакимово. Пред реализацијата на овој проект, Општината спроведе експропријација на земјиштето, како и санација на дел од канализацискатаи водоводната мрежа, со што беа создадени услови за квалитетна и долгорочна инфраструктурна изведба.

Финансиските средства за овој проектот се обезбедени од Министерството за транспорт, преку заем од Светска банка, врз основа на претходно поднесена и одобрена апликација на Општина Виница. ис/вј/

Фото: Општина Виница