• сабота, 23 ноември 2024

Општина Охрид и оваа година организира Велигденски базар

Општина Охрид и оваа година организира Велигденски базар

Охрид, 23 април 2024 (МИА) – Општина Охрид е Јавното претпријатие „Градски пазар“ и оваа година ќе го организира веќе традиционалниот „Велигденски базар“.

Покрај продажно-изложбениот дел, манифестацијата предвидува и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“, КУД „Отекс“, КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.

Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека Општинската организација на Црвениот крст Охрид ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани.

Велигденскиот базар ќе се одржи на 30 април, а ќе започне во 11 часот на плоштадот „Крушевска Република“. аб/са/

фото/МИА

 

 

Остани поврзан