• понеделник, 23 декември 2024

Општина Куманово го објави повикот за „Ноемвриската награда“

Општина Куманово го објави повикот за „Ноемвриската награда“

Куманово, 4 октомври 2023 (МИА) - Општина Куманово го распиша годинашниот конкурс за доделување на Ноемвриската награда, која се доделува на поединци, претпријатија, установи и институции по повод „11 Ноември“ – Денот на ослободување на Куманово.

- Авторот на делото мора да е жител на градот, организацијата или заедницата, односно делото и постигнувањата тематски треба да се врзани за општина Куманово. Право на предлагање на кандидати за Ноемвриската награда имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци, наведуваат од Општината.

Заинтересираните треба да ги достават предлозите за доделување на награда со образложение во писмена форма, до комисијата, најдоцна до 31-ви октомври годинава.

Според одлуката, оваа комисија од Советот на општината, Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

„Ноемвриска награда“, појаснуваат оттаму, е израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области. ам/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан