• сабота, 23 ноември 2024

Општина Кисела Вода со акција за чистење депонија во Расадник

Општина Кисела Вода со акција за чистење депонија во Расадник

Скопје, 10 март 2023 (МИА) - Кисела Вода мора да биде чиста општина, а за тоа треба сите да дадеме свој придонес, апелираше денеска градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на акцијата за чистење на депониите во Расадник. Тој упати повик до сите жители да бидат одговорни, а како што рече, општината ќе продолжи со ваквите акции.

-Денеска сме во Расадник. Оваа дива депонија, која е двапати темелно исчистена во текот на изминатата година, за жал повторно е создадена од несовесни граѓани и затоа силно апелирам да покажеме колективна свест и грижа за животната средина во која живееме. Расадник е исклучително важна точка за Скопје, трета по големина зелена површина на која се одгледуваат автохтони сорти на овошја и затоа во никој случај не смее да биде загаден, рече Ѓорѓиевски.

Во рамки на активностите за подигнување на нивото на хигиената во општина Кисела Вода,  во текот на минатата година беа расчистени 32 помали и поголеми депонии и собран беше околу 200 тони комунален и кабаст отпад.

Од општината информираат дека акциите за чистење засилено ќе продолжат, како и стратегијата секаде каде што постои можност на местото од депониите да се градат паркови или паркинзи.бт/аа/

Фото/ Општина Кисела Вода

Остани поврзан